Интерим Управување
Управувањето во сигурни раце
Привременото управување во хотелите претставува квалитететно решение во бизнисот на многу компании.
Управувањето во сигурни раце
Привременото управување во хотелите претставува квалитететно решение во бизнисот на многу компании.
Привременото управување не е исто што и консалтинг. Консултантите можат да обезбедат одредена експертиза за ограничен временски период, но тие генерално работат надвор од самата организација. Пред се, нивните услуги се поврзани со советување на клиентот и тие првенствено даваат совети и препораки.
Привремените менаџери даваат совети, препораки и работат на самата имплементација. Тие ја преземаат целосната одговорност за целата задача и нејзиното извршување, а по завршувањето преминуваат на следната.
Привременото управување во хотелите претставува квалитететно решение во бизнисот на многу компании. Токму затоа, привремените менаџери повеќе не се гледани како на привремено решение, туку на постојана потреба во деловните процеси.
Привремените менаџери можат да бидат ангажирани во развојот и подобрувањето на постојниот менаџмент или обука и подготовка на тимови кога се очекува неизвесна иднина во областа во која работи клиентот. Привремени менаџери се ангажирани да решаваат тешки ситуации, бидејќи на компаниите им се потребни искусни, способни, професионално успешни и докажани менаџери кои можат да придонесат за побрзо излегување од кризни ситуации.
Брзина – привремените менаџери можат да преземат одговорности за многу краток временски период, за разлика од долгата процедура на барање персонал преку агенциите или друг вид на канали за вработување.
Искуство – привремените менаџери имаат искуство на слични позиции за кои се ангажирани и применуваат ефективни методи и алатки кои се докажани на претходни проекти.
Ефективност – привремените менаџери дејствуваат на ниво, или блиску до ниво, на член на највисокото раководство и имаат овластување ефективно да дејствуваат при спроведувањето на промените и транзициите во рамките на компанијата.
Објективност и одговорност – привремениот менаџер е независен и не е должен да се вклопи во политиките на компанијата, а по природата на работите тој е заинтересиран за успешно извршување на доделената работа.
Целосна посветеност – привремениот менаџер е посветен на решавање на задачата и неговата мотивација е различна поради различното ниво на посветеност од постојаните вработени. Привремениот менаџер ги прифаќа предизвиците на различните работни места и е свесен дека одржувањето висок стандард на услуга на секоја задача е единствената референца за идните аранжмани.
Оставете ги Вашите податоци и ние веднаш ќе Ве контактираме за да закажеме средба.