Добрата анализа е клучот за добро управување со еден ресторан.

„Што не можеш да измериш, тоа не можеш и да го подобриш.“

 

Една од основните вештини на менаџерот е  вршење проценка во кои сегменти е потребно да се подобри работењето на ресторанот. Најчесто целта е да се намалат трошоците и да се заштедат на ресурсите, се разбира на во оние делови кои не влијаат на квалитетот во работењето.

Значајно подобрување во работењето на вашиот ресторан можете да постигнете со поставување на мали цели, како и со дефинирање на начинот на кои истите ќе ги реализирате.

Понекогш ќе се појават и очигледни проблеми како што е, флуктуацијата на работната сила. Во тој случај морате да дефинирате што е тоа што доведува до ваков проблем.

Сигурно е дека екстерните фактори имаа големо влијание во работењето на секој бизнис па и на вашиот но, вие треба да обрнете внимание на внатрешните влијанија, поточно она кое можете вие како менаџер да влијаете тоа да се случи или не. Или, како настаната ситуација соодветно да ја разрешите.

Постојат и проблеми кои не се очиглени и од вас бараат да направите одредени анализи со цел да дојдете до нивно решавање.
Овде спаѓаат, проценка на рентабилноста на одредени јадења како и нивната атрактивност (бараност), учеството на оредени трошоци во вкупните трошоци и сл.
Еве неколку примери како можете да направите подобрување:

  • Со анализа на вашето мени
  • Со анализа на распоредот на вработените
  • Со анализа на барањата за отсуство и годишни одмори
  • Со тренинзи и обуки на вработените, посебно ново вработените
  • Со воведување на постоечките процедури – стандарди и развивање на нови
  • Со воведување на новитети (нови настани, ново мени, промоции и сл.)
  • Развој на маркетинг стратегија
  • Со редовно одговарање на online пораки и сл.

Следна активност која може да помогне е да ја подобрите автоматизацијата на процесите. Ваква активност може да се спроведе на пр. кај online порачки, кај доставувањето на храна, кај доставувањетона храна преку трети фирми, претплата, превземање на e-mail преку маркетинг програмите, програми за лојалност, разни известувања и сл.

Од посебно значење е редовно и точно да вршите ажурирање на вашата интернет страница. Кога сме кај електронските медиуми добро е да се каже дека, доколку сакате подобро да се позиционирате на веб пребарувачите, пожелно е да отпочнете со пишување на блог. Исто така немојте да заборавите дека, подобро е сите активности, кампањи, промоции, известувања и сл. да одат директно на вашта интернет страница, а не на профилите на одредени социјални мрежи. Социјалните мрежи треба да бидат само канали на дистрибуција на информациите што ќе ги плаасирате.
Запомнете социјалните мрежи не се во ваша сопственост и како такви можат да ги сменат правилата во секое време, а со тоа да ве ограничат во идеите и содржините. Додека интернет страницата е само во ваша сопственост и на истата можете се да поставите според вашите желби и потреби.

Резултатите од вашето работење на најдобар начин можте да ги согледате со пратење на вашиот промет.

Но, какви резултати и да постигнувате едно е сигурно, вработените секогаш мора да бидат во добра кондиција, а тоа ќе го постигнете со редовни обуки и тренинзи. Не заборавајте дека потребите на гостите, а со тоа и нивните навики многу бргу се менуваат, вие заедно со вашите врааботени морате постојано да ги следите гостите да бидете во чекор со новите трендови, се разбира доколку сакате да имате успешен бизнис.
Тренинзите се од посебно значење биејќи тие им помагаат на вработените да ги совладаат техниките на продажба, презентацијата на понудата, процедурите на послужување и многу е важно тие да знаат како да умеат да се справат со поплаките од гостите.

Доколку забележувате дека имате се повеќе поплаки од вашите гости, без разлика дали се тие напишани на социјалните мрежи или директно ви се пренесуваат, бидете сигурни дека ви се потребни обуки.

Многу често рестораните прават големи загуби преку работењето на кујната. Овде ќе спомнеме само еден дел од работањето на кујната, а тоа се нормативите. Многу важен сегмент за тој да биде занемарен.
Непостојаното пратење на нормативите, како и несоодветно изработените норматви и не придржувањето кон процедурите од страна на персоналот во кујната, знае да продуцира големи згуби. Ова посебно може да биде сериозно доколку имате мени со скапи јадења, односно во составот на јадењата ако влегуваат скапи намирници.
Контролата на трошоците во кујната е можно само со постојано следење на расходите во кујната.

Оптимизацијата на вработените е следната ствка која може да предизвика сериозни загуби. Посебно во периоди како што е овој, состојба на пандемија од COVID 19. Еден од начините да ја подобрите состојбата е со ангажирање на хонорано вработони кога посетеноста е зголемена над неделниот просек.

Се разбира хонорарното вработување, барем на квалификуван перонал, со оглед на моменталнаата состојба во Македонија е тешко изводливо. Но, сепак и да се јави недостаток на персонал, доколку вашите вработени се добро обучени секако дека полесно ќе се справат со проблемот отколку да немаат соодветна обука.

Па така доаѓаме до констатацијата дека добро едуциран кадар секогаш е подобро да имате отколку само бројката да биде задоволена.

ДОКОЛКУ ВИ Е ПОТРЕБНА СТРУЧНА ПОМОШ ИЛИ СОВЕТИ СЛОБОДНО ЈАВЕТЕ СЕ:

Regen Hospitality Consulting
www.regent.mk |  02 3119 615 | 070 217 058