Без јасна стратегија, хотелскиот дигитален маркетинг е осуден на лоши резултати и високи буџетски трошоци. Поставувањето на маркетинг стратегија ќе заштеди пари и во голема мера ќе ги ололесни активностите што се предвидени за спроведување на дигиталениот маркетинг а со тоа  ќе ја зголеми нивната ефикасност.

Со креирање на соодветна маркетинг стратегијата, секогаш знаете каков статус на Фејсбук треба да креирате, кои кампањи треба да ги поставите, на која целна група ќе и испратите кампања за е -пошта, и слично Едноставно се е веќе предвидено и ваше е само да ги следите инструкциите. Без шпекулации и без губење ресурси.

За да се постигнат сериозни резултати не треба да имате суперефикасна стратегија за дигитален маркетинг. Таа не  мора да биде премногу сложена и апстрактна, доволно е да ги предвидите нај важните активности.

Зошто е важно да се креира маркетинг стратегија?
Многу компании едноставно влетуваат во дигиталениот маркетинг. „ Да започнеме со Инстаграм “, „Ајде да објавиме реклама на Фејсбук “ и сл. И пред воопшто да забележите  дигиталниот маркетинг станува нивна секојдневна активност. Сепак, проблемот се јавува ако ова го правите без никакво планирање и стратешко размислување.

Кога се впуштате во кампања пред се, треба да направите маркетинг стратегија за вашиот бизнис без разлика дали се работи за хотел, ресторан, апартмани или друг бизнис, По изготвување на стратегијата-планот тоа го презентирате на  некој што може да ви даде одредени сугестиим и потоа започнувате со работа.

Правењето една фотографија и нејзино закачување на некоја од социјалните мрежи не претставува маркетинг  кампања. А доплнително ваквите активности доколку се направени без претходна стратегија можат само да ви дадат грежна претстава за вашиот маркетинг и да донесат несакани ефекти во рабпотењето.

И додека вие мислите дека вашата ,, фотка,, е супер под неа имате супер текс, дури може да имате и многу лајкови сепак нешто со продажбата на вашите соби и услуги во ресторанот нешто не оди како што треба.

Токму за тоа е показател дека ви отсуствува СТРАТЕГИЈА, што, како, каде и како.

Стратегијата за дигиталниот маркетинг на хотелот е рамка и водич за сите маркетинг активности. Ова резултира со кампањи, реклами на Фејсбук и Гугл, објави на социјални мрежи, текстови на страницата, начин на комуникација, тип на содржина што се создава итн.

Добриот хотелски маркетинг план ќе ги идентификува специфичните деловни цели, ќе ја одреди целната група на гости и ќе обезбеди рамка за тоа каде, кога и како пораките ќе бидат поставени до за вашите гости да станат лојални гости.

Дури и ако имате надворешна агенција која прави дигитален маркетинг за вас, многу е подобро тие да работат според однапред подготвена стратегија со која сте запознаени, бидејќи тоа многу ќе ви олесни да ја следите нивната работа и да мерите резултатите од сите активности.