Стекнете знаења и усвојте методи и техники кои ќе ви овозможуваат да бидете успешни во улогата на лидер и да формирате личен имиџ – на професионално и приватно ниво.

Обуката ги обработува следните теми:

    1. Одредување на маркетинг стратегија;
    2. Истражување на пазарот;
    3. Сегментација на пазарот;
    4. Диферненцијација на понудата;
    5. Маркетинг микс;
    6. Оптимизација на маркетинг миксот;
    7. Формирање цени;
    8. Промоција;
    9. Канали на продажба;
    10. Основи на електронски маркетинг.

Методологија на работа

Обуката се организира како индивидуална обука (од 1 до 4 учесници).
Креирана е според принципот на менторска програма во која менторот, т.е. обучувачот работи со учесниците на дефинирани теми за секоја сесија. Обуката ќе се изведе во форма на комбинација од предавања, вежби на подготвени примери, и дискусии на опфатените теми.

Ефекти од обуката

По завршувањето на обуката, учесниците ќе бидат обучени за извршување на следните активности:

    • Целосно познавање на стратегиското маркетинг и планирање;
    • Вештини за преземање дополнителни улоги и одговорности поврзани со стратешко маркетинг и
      планирање, со што ќе придонесат за растот на организацијата;
    • Самостојно осмислување ефективни стратегии за изработка на маркетинг планови за понудата
      на производи и/или услуги на хотелот;
    • Запознавање со важноста да се има структуриран маркетинг план и да се преземат чекори за да
      се исполнат сите барања од истиот;
    • Стекнување на вешѕини за соберање на информации за клиентите и разбирање на потребите на
      клиентите;
    • Вештини и способност за градење добри и долготрајни односи со клиентите;
    • Соодветни вештини за планирање кампањи и други маркетинг активности за да се допре до
      клиентите и да се исполнат нивните специфични барања, со што на организацијата и се дава
      конкурентна предност.

За кого е наменета обуката?

За менаџерите на кои им е потребно да ги подобрат своите вештини во процесите на планирање, водење, организирање, контролирање и развој на вработените како и за сите кандидати за раководни позиции.

Цел на обуката

Целта на програмата е практично да ги подготви и обучи учесниците за успешна и самостојна работа во менаџерски функции.

Исто така, оваа обука ќе им помогне на менаџерите да научат како ефикасно  да се справат со не адекватна комуникација, како да мотивираат тим, како да ги препознаат лични компетенции и да делегирааат на другите врз основа на нивните компетенции, но и како како да се позиционираат и да се соочат со промените во компанијата. Ќе стекнат знаења и ќе усвојат методи и техники кои ќе им овозможат да бидат успешни во улогата на лидер и да формираат личен имиџ – на професионално и проватно ниво.

Кој ќе биде обучувач ?

Обуката ќе ја води Горан Дамчевски кој има над 12 годишно искуство како консултант за менаџмент во туризмот, пред се како едукатор и тренер. Тој е сертифициран SHL Master Trainer од Schweizerische Hotelfachschule Luzern https://www.shl.ch/about-us.

Времетраење на обуката

Обукате започнува на 24 Април 2023 и ќе трае 12 работни дена, од 17ч – 20ч  (два пати неделно)
Рспоредот ќе се направи во договор со групата.

Цена на обуката

Обуката чини 32.000 денари, со можност за плаќање на рати.

Сертификација

За поминатата обука се добива сертификат на англиски јазик.

 


Инфо и пријавување

За повеќе информации, слободно обратете се на 02 3119 615 или пополнете ја формата подолу и ние ќе Ве контактираме во најкус можен рок.

Ве очекуваме!


    Податоците ќе се користат исклучиво според Политиката за приватност