Обука на персонал
Квалитетни и обучени вработени се најсилниот ресурс на модерниот бизнис
Професионална регрутација, селекција и обука на персонал за хотели и ресторани, согласно потребите на угостителските објекти од секој вид.
Квалитетни и обучени вработени се најсилниот ресурс на модерниот бизнис
Професионална регрутација, селекција и обука на персонал за хотели и ресторани, согласно потребите на угостителските објекти од секој вид.
На интерната обука се организира во соработка со клиентот. За време на обуката детално се занимаваме со конкретни прашања и задачи актуелни во вашата компанијата.
Во исто време, гарантираме дека знаењето (know-how) на компанијата нема да излезе надвор од неа. За поголемите компании, ваквиот тип на обука може да биде по исплатлива и поефикасна. Истовремената обука на повеќе вработени со една заедничка цел ќе има позитивни ефекти врз тимската работа и внатрешната комуникација.
Општо земено, интерните обуки се атрактивна варијанта на обука која комбинира сеопфатни предности. Нашата формула за вашиот успех функционира на следниов начин: дискреција и тајност, подобрување на тимскиот дух, поефикасни резултати и прилагодување кон посебните потреби на вашата компанија.
Отворените обуки, првенствено наменети за поединци кои се заинтересирани и се насочени кон личниот развој. Обуките однапред се дефиниран според одреден распоред и се поделени во сесии. Во суштина тоа е интензивен курс на стекнување теоретски знаења и практични вештини. Преку интерактивни вежби и симулации на реални ситуации, обуката се изведува со фронтална форма на работа во комбинација со демонстративна метода.
Исто така овие обуки им даваат на поединците можност да работат на самоспознавање и развој на различни комуникациски вештини, како и вештини за социјална и емоционална интелигенција.
Бизнис коучингот е процес во кој се работи на развој на ресурсите и способностите на клиентот и подразбира отворена комуникација и доверлив однос со цел да се дефинираат и постигнат професионалните цели.
Коучингот му овозможува на клиентот целно да ги употреби своите најдобри способности и вооедно го поддржува во личниот напредок со цел да ги постигне своите професионални цели, како и тимските и компаниските цели што е можно поефективно.
Развивајќи ги своите комуникациски вештини, лидерски стратегии и вештини преку коучинг, клиентот е во состојба на најдобар можен начин да ги пренесе целите на својата компанија.
Бизнис тренерот може да биде ангажиран од поединец кој сака да работи на својот личен развој и напредок, или од компанијата за своите вработени, при што клиентот може да биде еден вработен или цел тим, во зависност од целите и потребите на компанијата.
За да се пријавите да бдиете дел од обуките, задолжително е да ги оставите Вашите податоци. Ви благодариме.
Обуката што се организира е за оние што се наоѓаат на работна позиција
помошник менаџер на ресторан/хотел ресторан, главен послужувач или раководител на смена, основно ниво. Целта на оваа обука е стекнување на основни знаење за оваа работна позиција или за повторување и унапредување стекнатите знаења.
Оваа обука ќе биде интензивен курс на стекнување теоретски знаења и практични вештини.Преку интерактивни вежби и симулации на реални ситуации обуката ќе се изведува со фронтална форма на работа во комбинација со демонстративна метода.
Главната цел на овој тренинг е да обучи и да даде знаења и вештини за активностите поврзани и неопходни за оваа работна позиција како и за подигање на свеста на кандидатите при вклучување во овој бизнис.
Овој тип на трегнинг е дел од Интерна и Отворена обука.
Оваа програма се фокусира на обезбедување извонредни услуги за гостите во хотелите. Го учи персоналот како да ги идентификува и задоволува потребите на клиентите, да се справува со поплаки и конфликти и да создава позитивни искуства кои ја градат лојалноста на клиентите.
Овој тип на тренинг е дел од Интерна, Отворена и Корпоративна обука
Оваа програма е дизајнирана да развие лидерски и менаџерски вештини кај персоналот на хотелот. Опфаќа теми како стратешко планирање, одлучување, делегирање, мотивација и градење тим.
Овој тип на тренинг е дел од Интерна, Отворена и Корпоративна обука
Оваа програма се фокусира на финансиските аспекти на хотелското работење. Го учи персоналот како да ги максимизира приходите со управување со стапки, пополнетост и дистрибутивни канали и како да ги анализира трендовите на пазарот и однесувањето на конкурентите.
Овој тип на тренинг е дел од Интерна, Отворена и Корпоративна обука
Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и способности од областа на интернет маркетинг при работење во хотелските објекти, односно интернет маркетиншки активности за продажба на хотелски капацитети, градење и управување со брендот преку низа маркетинг активности водени преку социјални медиуми, интернет маркетинг продажни канали и слично.
Интернет маркетерот во хотелиерството ја води/асистира работата на маркетинг тимот во дневните маркетиншки активности, ги води активностите на интернет маркетинг продажбата, учествува во подготовката/изработката на маркетинг стратегијата и промотивни материјали, помага во организацијата на маркетинг истражувањето како и во анализа на резултатите од самото истражување, ја спроведува широката рамка на интернет маркетинг комуникацијата, обезбедува поддршка на маркетиншки настани во хотелското работење. Учествува во прибирање информации и податоци за изготвување промотивни материјали, статии и промотивни текстови за организацијата. Подготвува и поставува содржини/текстови на веб-страници и портали и социјални мрежи, и го шири делокругот на работа создавајќи препознатливост на брендот во хотелиерската индустрија во земјата и светот. Континуирано ажурира и одржува база на интернет маркетинг податоци и документација. Учествува во организација на настани и кампањи преку логистика со трети лица и на сите промотивни активности во организацијата.
Овој тип на тренинг е дел од Интерна, Отворена и Корпоративна обука
Обуката има за цел прилагодување на знаењата и вештините на персоналот на персоналот одговорен за одржување на хигиената хотелските соби.Овaa прoграма ќе им овозможи на кандидатите да ги разберат главните елементи на доброто одржување и редовното чистење на собите, важноста на процедурите за интегрирање на овие практики во секојдневното работење во бизнисот со хотели. Исто така ги поставува темелите за посистематски пристап на континуирано подобрување конкурентноста и ефикасноста на ресурсите на нивните компании.
Овој тип на тренинг е дел од Интерна и Отворена обука
Програмата ги опфаќа сите техники на готвење. Оваа програмата овозможува работно оспособување за Готвач во угостителски објект и опфаќа стручно теоретски содржини и практичната обука.
По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да ја подготвува и ја организира својата работа, да составува листа на јадења и мени за редовните оброци и да приготвува прехран
бени продукти во различни видови готварски производи, ладни и топли предјадења, супи, чорби и потажи, основни сосови, јадења од месо, риби, прилози, вегетаријански и национални јадења, салати, да ги сервира, декорира и ги испорачува јадењата во соодветни садови, да ја води и ја ажурира евиденцијата за работата во кујната, да работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работата и услугите,
да извршува работите во согласност со прописите за заштита на работната средина и околината, да ги поз
нава правата од работен однос и можностите за отварање и водење на сопствен бизнис.
Овој тип на тренинг е дел од Интерна и Отворена обука
Оваа програма е дизајнирана да го подобри квалитетот на услугата на храна и пијалоци во хотелите. Опфаќа теми како што се планирање на менито, подготовка на храна, бонтон на услуги и услуга за вино и пијалоци.
Овој тип на тренинг е дел од Интерна и Отворена обука
Оваа програма се фокусира на операциите и управувањето со рецепцијата во хотел. Опфаќа теми како што се управување со резервации, регистрација на гости и услуги на клиентите.
Овој тип на тренинг е дел од Интерна и Отворена обука
Оваа програма се фокусира на управување со човечки ресурси во хотелите. Опфаќа теми како што се регрутирање, обука и развој, односи со вработените и управување со перформансите.
Овој тип на тренинг е дел од Интерна, Отворена и Корпоративна обука
Целта на оваа обука е учесниците преку предавање и практичен дел да стекнат способност да го идентификуваат, проценат и ограничат ризикот во примената на различни ситуации во транспортот на патници-туристи, применувајќи концепт, методи и техники на контрола на ризикот.
После курсот учесниците се оспособени да ги идентификуваат главните опасности од различни аспекти. Односно барањата на возачите на автобуси се да направат соодветна стратегија контролирајќи го ризикот со кој што ризикот се избегнува, смалува, дели или прифаќа во различен обем.
Овој тип на тренинг е дел од Интерна, Отворена и Корпоративна обука