fbpx

Обука на персонал

Квалитетни и обучени вработени се најсилниот ресурс на модерниот бизнис


Професионална регрутација, селекција и обука на персонал за хотели и ресторани, согласно потребите на угостителските објекти од секој вид.

Обука на вработени

Стручноста на вработените е од најголема важност кога станува збор за квалитетот на услугата.

Нашите програми овозможуваат соодветен тренинг и обука на вработените во хотелски и ресторански објекти.

Видете ги програмите

За повеќе инфо


Оставете ги Вашите податоци и ние веднаш ќе Ве контактираме за повеќе информации околу обуките.

    Вашите податоци ќе бидат искористени единствено за комуникација, согласно Условите за користење.

    • СООДВЕТНА КОМУНИКАЦИЈА СО ГОСТИ

      Обуката што се организира е за оние што се наоѓаат на работна позиција

       помошник менаџер на ресторан/хотел ресторан, главен послужувач или раководител на смена, основно ниво. Целта на оваа обука е стекнување на основни знаење за оваа работна позиција или за повторување и унапредување стекнатите знаења.

      Оваа обука ќе биде интензивен курс на стекнување теоретски знаења и практични вештини.Преку интерактивни вежби  и симулации на реални ситуации обуката ќе се изведува со фронтална форма на работа во комбинација со демонстративна метода. 

      Главната цел на овој тренинг е да  обучи и да  даде знаења и вештини за активностите поврзани и неопходни за оваа работна позиција како и за  подигање на свеста на кандидатите при вклучување во овој бизнис.

    • ОРГАНИЗАЦИЈА ВО КУЈНА

      Програмата ги опфаќа сите техники на готвење. Оваа програмата овозможува работно оспособување за Готвач во угостителски објект и опфаќа  стручно теоретски содржини и практичната обука. 

      По успешното завршување на програмата  учесникот ќе  се оспособи да ја  подготвува и ја организира својата работа, да составува листа на јадења и мени за редовните оброци и да приготвува прехран

      бени продукти во различни видови готварски производи, ладни и топли предјадења, супи, чорби и потажи, основни сосови, јадења од месо, риби, прилози, вегетаријански и национални јадења, салати, да ги сервира, декорира и ги испорачува јадењата во соодветни садови, да ја води и ја ажурира евиденцијата за работата во кујната, да работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работата и услугите, 

      да извршува работите во согласност со прописите за заштита на работната средина и околината, да ги поз

      нава правата од работен однос и можностите за отварање и водење на сопствен бизнис.

    • ОДРЖУВАЊЕ ХОТЕЛСКИ СОБИ

      Обуката има за цел прилагодување на знаењата и вештините на персоналот   на персоналот одговорен за одржување на  хигиената хотелските соби.Овaa прoграма ќе им овозможи на кандидатите да ги разберат главните елементи на доброто одржување и редовното чистење на собите, важноста  на процедурите за  интегрирање на  овие практики во секојдневното работење во бизнисот со хотели. Исто така ги поставува темелите за посистематски пристап на континуирано подобрување конкурентноста и ефикасноста на ресурсите на нивните компании.

    • СТРУЧНО ПОСЛУЖУВАЊЕ

      Послужувачот во угостителски објект може да работи во барови, ресторани, кафетерии, конференциски центри, сали за банкети, хотели или изнајмени кетеринг служби. Улогата опфаќа широк спектар на активности и иако членовите на тимот за угостителски услуги се стремат да специјализираат во одредена област, тие треба да се прилагодливи и подготвени да ги поддржат членовите на тимот во индустријата, на пример во периоди на зголемен број гости. Улогата на послужувачот во угостителството вклучува послужување храна и пијалаци, но тој исто така треба да има познавање и разбирање од сите четири методи на послужување: формално, неформално, брза храна, шведска маса/бифе.

      Важен дел од улогата е развивање на „угостителски“ вештини и познавање, како што се препознавање на потребите на клиентите, способност да се поврзат истите со производите и услугите во областа и работење како дел од тим со цел да се осигура дека секој клиент, без оглед дали јаде во ресторан, пие коктели во бар, нарачува собна услуга во хотел или учествува на бизнис конференција, се чувствува добредојдено и удобно.

    • МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА

      Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и способности од областа на интернет маркетинг при работење во хотелските објекти, односно интернет маркетиншки активности за продажба на хотелски капацитети, градење и управување со брендот преку низа маркетинг активности водени преку социјални медиуми, интернет маркетинг продажни канали и слично.

      Интернет маркетерот во хотелиерството ја води/асистира  работата на маркетинг тимот во дневните маркетиншки активности, ги води активностите на интернет маркетинг продажбата, учествува во подготовката/изработката на маркетинг стратегијата и промотивни материјали, помага во организацијата на маркетинг истражувањето како и во анализа на резултатите од самото истражување, ја спроведува широката рамка на интернет маркетинг комуникацијата, обезбедува поддршка на маркетиншки настани во хотелското работење. Учествува во прибирање информации и податоци за изготвување промотивни материјали, статии и промотивни текстови за организацијата. Подготвува и поставува содржини/текстови на веб-страници и портали и социјални мрежи, и го шири делокругот на работа создавајќи препознатливост на брендот во хотелиерската индустрија во земјата и светот. Континуирано ажурира и одржува база на интернет маркетинг податоци и документација. Учествува во организација на настани и кампањи преку логистика со трети лица и на сите промотивни активности во организацијата.

    • УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ

      Целта на оваа обука е учесниците преку предавање и практичен дел да стекнат способност да го идентификуваат, проценат и ограничат ризикот во примената на различни ситуации во транспортот на патници-туристи, применувајќи концепт, методи и техники на контрола на ризикот.

      После курсот учесниците се оспособени да ги идентификуваат главните опасности од различни аспекти. Односно барањата на возачите на автобуси се да направат соодветна стратегија контролирајќи го ризикот со кој што ризикот се избегнува, смалува, дели или прифаќа во различен обем.