Стекнете знаења и усвојте методи и техники кои ќе ви овозможуваат да бидете успешни во улогата на лидер и да формирате личен имиџ – на професионално и приватно ниво.

Обуката ги обработува следните теми:

    • Напредни комуникациски вештини;
    • Повратни информации;
    • Делегирање;
    • Развој на вработените;
    • Мотивација;
    • Управување со промени;
    • Комуникација;
    • Тимска работа.

Методологија на работа

Обуката се организира како индивидуална обука (од 1 до 4 учесници).
Креирана е според принципот на менторска програма во која менторот, т.е. обучувачот работи со учесниците на дефинирани теми за секоја сесија. Обуката ќе се изведе во форма на комбинација од предавања, вежби на подготвени примери, и дискусии на опфатените теми.

Ефекти од обуката

По завршувањето на обуката, учесниците ќе бидат обучени за извршување на следните активности:

    • Запознавање со различни стилови на комуникација на лидерите, подобрување на личниот стил и на професионалната комуникација со вработените;
    • Разбирање на процесот на деловно преговарање, како и условите неопходни за постигнување договор.
    • Развивање позитивен став и стекнување на вештината на активно слушање, како предуслов за успешна повратна информација;
    • Вештина за успешно давање повратни информации;
    • Делегирање задачи на вработените што ќе ги поттикне да ја завршат задачата на најдобар можен начин;
    • Разгледување на конкретни можности за создавање на развојна работна атмосфера;
    • Разбирање на важноста на добра временска организација, личната одговорност и рационално користење на достапните ресурси;
    • Користење на техники за мотивирање на вработените;
    • Разбирање на важноста на развојот на вработените и користење на адекватни развојни техники.
    • Идентификување на фактори кои ги мотивираат другите;
    • Цели, повратни информации, делегирање на одговорност, „препознавање на успех“, примери, простор за лична организација, флексибилност;
    • Примена на мотивациски теории и техники во реална ситуација;
    • Разбирање на причините за промените;
    • Препознавање на вообичаените реакции на промени;
    • Процесот на воведување промени;
    • Како ефикасно да се управува со секоја фаза од процесот на промена;
    • Како да се управува со перформансите и мотивацијата на вработените за време на процесот на промена.

За кого е наменета обуката?

За менаџерите на кои им е потребно да ги подобрат своите вештини во процесите на планирање, водење, организирање, контролирање и развој на вработените како и за сите кандидати за раководни позиции.

Цел на обуката

Целта на програмата е практично да ги подготви и обучи учесниците за успешна и самостојна работа во менаџерски функции.

Исто така, оваа обука ќе им помогне на менаџерите да научат како ефикасно  да се справат со не адекватна комуникација, како да мотивираат тим, како да ги препознаат лични компетенции и да делегирааат на другите врз основа на нивните компетенции, но и како како да се позиционираат и да се соочат со промените во компанијата. Ќе стекнат знаења и ќе усвојат методи и техники кои ќе им овозможат да бидат успешни во улогата на лидер и да формираат личен имиџ – на професионално и проватно ниво.

Кој ќе биде обучувач ?

Обуката ќе ја води Горан Дамчевски кој има над 12 годишно искуство како консултант за менаџмент во туризмот, пред се како едукатор и тренер. Тој е сертифициран SHL Master Trainer од Schweizerische Hotelfachschule Luzern https://www.shl.ch/about-us.

Времетраење на обуката

Обуката трае 15 работни дена, од 17ч – 20ч  (два пати неделно)
Рспоредот ќе се направи во договор со групата.

Цена на обуката

Обуката чини 38.000 денари, со можност за плаќање на рати.

Сертификација

За поминатата обука се добива сертификат на англиски јазик.

 


Инфо и пријавување

За повеќе информации, слободно обратете се на 02 3119 615 или пополнете ја формата подолу и ние ќе Ве контактираме во најкус можен рок.

Ве очекуваме!


    Податоците ќе се користат исклучиво според Политиката за приватност