ОБУКА ЗА УПРАВУВАЊЕ И КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ
Стекнете знаења и усвојте методи и техники кои ќе ви овозможуваат да бидете успешни во улогата на лидер и да формирате личен имиџ – на професионално и приватно ниво.
Теми на обуката?
- Напредни комуникациски вештини;
- Повратни информации;
- Делегирање;
- Развој на вработените;
- Мотивација;
- Управување со промени;
- Тимска работа.
Mетодологија на работа?
Обуката се организира како индивидуална обука (од 1 до 4 учесници).
Креирана е според принципот на менторска програма во која менторот, т.е. обучувачот работи со учесниците на дефинирани теми за секоја обука. Обуката ќе се изведе во форма на комбинација од предавања, вежби на подготвени примери, и дискусии на опфатените теми.
Ефекти од обуката?
По завршувањето на обуката, учесниците ќе бидат обучени за извршување на следните активности:
- Запознавање со различни стилови на комуникација на лидерите, подобрување на личниот стил и на професионалната комуникација со вработените;
- Разбирање на процесот на деловно преговарање, како и условите неопходни за постигнување договор.
- Развивање позитивен став и стекнување на вештината на активно слушање, како предуслов за успешна повратна информација;
- Вештина за успешно давање повратни информации;
- Делегирање задачи на вработените што ќе ги поттикне да ја завршат задачата на најдобар можен начин;
- Разгледување на конкретни можности за создавање на развојна работна атмосфера;
- Разбирање на важноста на добра временска организација, личната одговорност и рационално користење на достапните ресурси;
- Користење на техники за мотивирање на вработените;
- Разбирање на важноста на развојот на вработените и користење на адекватни развојни техники.
- Идентификување на фактори кои ги мотивираат другите;
- Цели, повратни информации, делегирање на одговорност, препознавање на успех, примери, простор за лична организација, флексибилност;
- Примена на мотивациски теории и техники во реална ситуација;
- Разбирање на причините за промените;
- Препознавање на вообичаените реакции на промени;
- Следење на процес на воведување промени;
- Како ефикасно да се управува со секоја фаза од процесот на промена;
- Како да се управува со перформансите и мотивацијата на вработените за време на процесот на промена.
За кого е наменета обуката?
За менаџерите на кои им е потребно да ги подобрат своите вештини во процесите на планирање, водење, организирање, контролирање и развој на вработените како и за сите кандидати за раководни позиции. Посебно оваа обука е погодна за менаџерите на хотелските објекти.
Цел на обуката
Целта на програмата е практично да ги подготви и обучи учесниците за успешна и самостојна работа во менаџерски функции.
Исто така, оваа обука ќе им помогне на менаџерите да научат како ефикасно да се справат со не адекватна комуникација, како да мотивираат тим, како да ги препознаат лични компетенции и да делегирааат на другите врз основа на нивните компетенции, но и како како да се позиционираат и да се соочат со промените во компанијата. Ќе стекнат знаења и ќе усвојат методи и техники кои ќе им овозможат да бидат успешни во улогата на лидер и да формираат личен имиџ – на професионално и проватно ниво.
Кои е обучувач?
Тренер на оваа работилница ќе биде,
Горан Дамчевски, сертифициран SHL -Schweizerische Hotelfachschule Luzern и CEFE тренер.
Како претпприемач и активен учесник во тековите во реалниот бизнис сектор, тој своето 30-годишно искуство активно го пренесува на своите клиенти од 2012 година.
Основач е на Regent Consulting, компанија која се занимава со консултации и организација на едукативни семинари во Македонија и регионот, а воедно и раководен консултант и едукатор во областa на хотелски и ресторански менаџмент.
Кога и каде ќе се одржува?
Обуките ќе се одржуваат во:
Во просториите на Regent Consultig во Скопје.
Од 26.09 до 31.11. 2023 секој вторник и четврток од 17ч до 20ч ( 15 сесии )
Што добивате дополнително?
Секој учесник кој успешно ќе ја заврши работилницата (активно присуство на најмалку 80% од работилницата) се стекнува со сертификат издаден од Regent Consulting
(сертификатот е на Англиски јазик);
- Работни материјали;
- Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка;
Колку треба да инвестирате?
ПРОМОТИВНАТА ЦЕНА НА РАБОТИЛНИЦАТА ИЗНЕСУВА 36.000 ден.
Реалната цена на чинење за овој тип на работилница е 45.000 ден. по учесник, но согласно целите за развој на бизнис вештините кај младите претприемачи, благодарение на нашите помагачи оваа работилница ќе ви биде овозможена по повластена цена.
Како да се пријавите?
За пријавување на оваа работилница контактирајте не на 02 3119 615 | 070 217 058
и ќе ги добиете сите потребни инструкции.
За пријавување и уплата до 18.09.2023 следува дополнителен попуст од 6.000 мкд.
НАЈСИГУРНА ИНВЕСТИЦИЈА Е КОГА ИНВЕСТИРАТЕ ВО ВАШЕТО ЗНАЕЊЕ.
Regent Consulting
Team