Управувањето со дестинацијата може да игра витална улога при овозможување на многу придобивки што се поврзани со туризмот, истовремено придонесувајќи кон тоа вашата дестинација да испорача нешто уникатно за посетителите. Во оваа статија, ќе дознаете повеќе за управувањето со дестинацијата и како развојот на туризмот може да додаде вистинска вредност на вашата дестинација.

Што е управување со дестинација?

Управување со дестинацијата е координиран процес, каде се управуваат скоро сите аспекти на дестинацијата, вклучувајќи ги локалните ресурси, сместувачките капацитети, спортските активности, настаните, еколошките проблеми, туристички атракции, транспортот, како и самата промоција на дестинацијата. Обично тоа е одговорност на компанија за управување со дестинации (DMC: Destination Management Company).

Тие применуваат целосен пристап кон управување со туризмот за дадената дестинација и можат да понудат дополнителни услуги, како консултации и обуки. Компаниите за управување со дестинации имаат тенденција да бидат поддршка за сите засегнати страни како што се владини институции, локалната самоуправа, локалните бизниси, невладини организации и други вклучени чинители во туристичкиот сектор.

Зошто е важно управувањето со дестинацијата?

Општо земено, туризмот може да биде исклучително корисен за одредена област или дестинација, обезбедувајќи прилив на повеќе пари во локалната економија, помагајќи да се привлечат инвестиции и да им се овозможи на локалните бизниси во дестинацијата да напредуваат. Може да помогне во збогатување и ревитализација на селата, градовите, локалните региони па и целата земја.

Секако, зголемениот туризам може потенцијално да донесе негативни страни, како што се промени во животната средина, дополнително загадување, поголема употреба на ресурси и сообраќаен метеж. Затоа, управувањето со туризмот е од суштинско значење за заштита на животната средина, балансирање на понудата и побарувачката, како и поддржка на локалните бизниси и локалното население.

Едноставно, управувањето со дестинацијата вклучува преземање на неопходните чекори за да се овозможи туризмот да додаде вредност на дестинацијата.

Како се управува со дестинација?

Во реалност, управувањето со дестинацијата се врши преку стратегите со кои компаниите за управување ги решаваат клучните прањања поврзани со дестинацијата, кои пак се најчесто поделени во четири клучни категории:

1. Место – Што е дестинација?

Кога го разгледувате прашањето за место, треба да размислите каква е вашата дестинација, како може да се дефинира и дали бара управување со дестинацијата. Во многу случаи, дестинацијата е очигледна, со тоа што се работи за село, град, одреден регион па дури и целата земја. Во зависност од местоположбата, може подеднакво да се дефинира со планински венец или крајбрежје. Една дестинација може да се наоѓа во друга дестинација, што ги прави работите малку покомплексни. Важно е да се определи кои карактеристики ја дефинираат дестинацијата и какви потреби за управување има истата.

2. Луѓе – Кои се посетителите и клучните партнери?

Кога размислувате за луѓето, треба да размислите кој ја посетува вашата дестинација и каква е нивната мотивација за тоа. Може да се мисли на бројни различни демографии, кои доаѓаат поради различни причини. Затоа поставете си ги следните прашања: на пр. Од каде доаѓаат посетителите? Што бараат тие? Дали се тоа семејства, групи или индивидуалци?

Исто така, треба да разгледате кој ја сочинува локалната заедница, кои се нивните приоритети, како и кои се клучните чинители и партнери од туристичката индустрија. Овие потенцијални партнери за управување со дестинацијата може да вклучуваат локални бизниси, транспортери, занаетчии, спортски центри, тур-оператори и многу други даватели на услуги.

3. Производ – Што се нуди?

Следно, треба јасно да се дефинира што им нуди дестинацијата на туристите. Што купуваат тие? Какво ќе биде нивното искуство? Што можете да им ветите на луѓето кога ја промовирате Вашата дестинација? Сместувањето, активностите, атракциите и транспортот се вбројуваат во оваа категорија.

Дали вашата дестинација има можност да им обезбеди на туристите незаборавно или уникатно искуство? Дали вашата дестинација всушност го нуди ова за туристи во моментов? Ако не, зошто не? Треба да размислите каде туристите најверојатно ги трошат своето време и пари и што значат нивните одлуки за целата област.

4. Процес – Управување со дестинацијата во суштина

Конечно, кога станува збор за конкретниот процес, всушност се мисли на тоа како можете да бидете сигурни дека услугата и искуството што ги нудите се поврзуваат со луѓето кои ќе патуваат до вашата дестинација. Во суштина, тоа значи прецизно идентификување што треба да се направи за правилно управување со дестинацијата, за оптимални резултати.

Важно е овој чекор да се заврши последен, бидејќи бара да имате разбирање за другите компоненти. Веќе треба да знаете како е дефинирано местото, кои ќе бидат вклучените луѓе и кој е производот. Потоа, можете да започнете да размислувате за ефектите на туризмот врз вашата дестинација, каде што се потребни подобрувања итн.

“DMO” или организација за промоција на дестинации

Што е организација за промоција на дестинации?

Организација за промоција (или маркетинг) на дестинации (DMO: Destination Marketing Organization) е организација што кокретно се занимава со промовирање на дестинација на туристи, бизниси, инвеститори и други. На многу начини, Компаниите за управување и Организациите за промоција на дестинации се слични, по тоа што тие поврзуваат голем број засегнати страни кои сите имаат голем интерес за дестинацијата успешно да им се допадне на туристите.

Главната цел на организацијата за промоција на дестинации е да создаде поширока стратегија за маркетинг, што помага да се издвои вашата дестинација од другите слични дестинации. Ова може да вклучува, на пример, идентификување на единствени конкурентски предности и нивно истакнување, рекламирање преку интернет и други канали, соработка со агенции и брендирање на дестинацијата.

Како тие помагаат во управувањето со дестинацијата?

Клучен дел од управувањето со дестинацијата е и максималното искористување на локалната туристичка индустрија. Ваквите организации за промоција може да помогнат со зголемување на побарувачката за посета на вашата дестинација. Ова се постигнува со креирање на сеопфатна стратегија за маркетинг и промоција на дадената дестинација.

Покрај промовирањето на дестинацијата, овие организации можат на потенцијалните туристи да им дадат голем број информации, да ги насочат туристите до хотелите или други сместувачки капацитети, да обезбедат пристап до платформите за резервации и да им помогнат на туристите подобро да си го испланираат престојот. Тие исто така соработуваат со компаниите за управување, со цел да ги промовираат вистинските аспекти на дестинацијата, во вистинско време, до вистинската целна група на туристи, со цел да се осигурат дека туризмот и ќе додаде вистинска вредност на вашата дестинација.


Дали знаете како Regent Hospitality Consulting може да помогне во развојот на Вашата туристичка дестинација?

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ