Оперативен менаџмент

Управувањето во сигурни раце


Туризмот како комплексна индустрија налага сериозен пристап кон начинот на управување, без простор за импровизација. Нашиот тим е со 15 годишно искуство и голем број задоволни клиенти.

Управување со хотели


Доколку имате хотел и сакате да го доверите управувањето на искусен тим од професионалци во хотелскиот бизнис ние сме спремни да ги ставиме сите наши капацитети и искуство на Ваше располагање.

Целокупната грижа за работењето на хотелот ја првзема нашиот тим. Повеќе нема да треба да размислувате за оперативното работење, правните аспекти, продажбата и маркетингот, како секојдневните активности како на пр. дали вршите набавка по најповолни услови.

Вам единствено ќе ве интересираат резултатите од работењето, а ние ќе се погрижиме соодветното управување да придонесе кон остварена поголема добивка, намалени расходи и испорачан квалитет според професионални меѓународни стандарди во индустријата.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Управување со дестинации


Туризмот може да биде исклучително корисен за одредена област или дестинација, внесувајќи повеќе пари во локалната економија, помагајќи да се привлечат инвестиции и да им се овозможи на локалните бизниси да напредуваат. Може да помогне во збогатување и ревитализација на селата, градовите, пошироките региони региони, па дури и целата земја.

Од друга страна, туризмот може потенцијално да донесе негативни последици, како што се оштетување на пејзажите, дополнително загадување, поголема искористеност на локалните ресурси и сообраќаен метеж. Затоа, управувањето со дестинациите е од суштинско значење.

Едноставно кажано, наша задача како компанија за управување со дестинации е да ги преземеме исте неопходни чекори за туризмот да додаде вредност на дестинацијата, водеќи сметка за локалниот развој и заштита на животната средина.


Како можеме да ѝ помогнеме на Вашата туристичка дестинација?

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Закажете состанок за да Ви ја презентираме нашата понуда

Оставете ги Вашите податоци и ние веднаш ќе Ве контактираме за да закажеме средба.

    Вашите податоци ќе бидат искористени единствено за комуникација, согласно Условите за користење.
    Истите нема да бидат споделени со трети лица / компании.

    Ativador Windows 8.1