Неколку совети зашто е добро да ангажирате хотелска консултантска компанија што може да ви помогнат во вашето работење:
Голем број од хотелите што отпочнуваат со работење имаат потешкотии со јасното дефинирање на нивниот бизнис, дури и по одредено време од кога ќе се појават на пазарот.
Проблемите се јавуваат обично при крајот на првата година од старот на работењето.
Ваквата ситуација знае да го изненадат менаџерскиот тим. Бизнисот почнува да паѓа надолу. Ги збуниваат вработените и накрајот може да бидае депримирачки за целиот тим. Менаџерите вообичаено ваквата ситуација ја опишуваат со тоа дека , сите бизниси одат на почетокот добро работат но подоцна паѓаат. Во реалноста не е баш така, но, и да се согласиме со оваа теза, тоа треба да биде минимален пад во работењето, а се другото се случува поради не стручен старт на новиот хотел. Хотелската консултантска компанија, со своето искуство од работењето со хотелите, може да ги идентификува силните страни на вашиот хотел, да ги искористи можностите што може да се појават и да се погрижи ресурсите да се користат оптимално.
- Важноста е во деталите. Понекогаш не ги разбираме нашите неуспеси во однос на нашите конкуренти. Тајната на успехот, сепак, често е во деталите оние кои доаѓаат од реалните искуства.
Консултантот имајќи ги овие искуства, тој може да ги искористи во корист на вашиот хотел за време на вашата соработка. - Нови можности. Консултантите работат со многу хотелски објекти (особено ониеј кои работат во различни земји) и има искуства од најразличити пазарни сегменти. Ова може да биде одличен начин за пристап до нови можности и искуства за новиот хотелски објект.
- Докажани решенија. Често се чини дека секој проблем што се појавува во хотелот е нов и единствен и дека е потребно долго време за да се реши. За ситуации како оваа, консултантската компанија која веќе се занимавала со нешто слично со сигурност може да го реши проблемот ефикасно и лесно. Ова се парви со спроведување на решение кое веќе било применето во минатото.
Олеснувач. За жал, многу е вообичаено хотелите, особено семејните хотели имаат меѓучовечки конфликти кои спречуваат бизнисот да биде успешен. Овие конфликти ретко се решаваат без интервенција на аутсајдер, чие мислење се почитува со оглед на тоа што не зазема страна во дебатата.
Секако дека соработката со консултантска компанија може да ви ја олесни работата во повеќе аспекти.
Но, за почеток треба да се сложите со фактот дека, на почетокот ви епотребна стручна помош.