Консалтинг
Децениско искуство во хотелско-угостителската индустрија на Ваше располагање
Стручни консултации и поддршка во област на хотелско и ресторанско работење, организација и управување
Децениско искуство во хотелско-угостителската индустрија на Ваше располагање
Стручни консултации и поддршка во област на хотелско и ресторанско работење, организација и управување
Децениско искуство во хотелско-угостителската индустрија на Ваше располагање. Стручни консултации и поддршка во област на хотелско и ресторанско работење, организација и управување.
Консултации во фаза на предотворање нови угостителски објекти и репозиционирање на постоечки хотели и ресторани на пазарот.
Стручна категоризација и рекатегоризација на објекти според европските правилници на HOTREC и HotelStars.
Воведување соодветни стандарди за хотелско и ресторанско работење, во сите области од работењето.
Регрутација, селекција и обука на персонал според потребите на објектот. Поставување оптимална кадрова политика и дефинирање соодветни платни класи.
Изработка на оперативни процедури во форма на сет писмени упатства, како прирачник, кој им овозможува на вработените да ги извршуваат работните задачи правилно, ефикасно и воедначено секој пат, без ризик од евентуални грешки или телесни повреди.
Секој угостителски објект има сопствен начин и распоред на работа, па така и СОП прирачникот се изработува наменски, а се вработените се оспособуваат за негово кортистење за време на соодветните обуки и тренинзи на персонал.